Search

Штипјанка измамена на „Фејсбук“ за 10.000 евра од војник во Авганистан

Штипјанка вчера пријавила во полиција дека била измамена од лице кое го запознала на „Фејсбук“ на крајот на октомври минатата година.

Според пријавата на 54-годишна жена, пријателот на „Фејсбук“ и се претставил дека е од САД и дека е војник во Авганистан. Тој во декември 2018 година и кажал дека наводно бил повреден, а од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, пари, кои тој не можел да ги внесе во САД . Потоа и рекол дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата- Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.

Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.

Полицијата го расчистува случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави