Search

Шпанските острови ја ограничуваат продажбата на алкохол

Балеарските острови во Шпанија забранија среќни часови и понуди на неограничени пијалоци во некои од најпопуларните туристички места, во обид да се стави крај на т.н. „пијан туризам“.

Владата на островите – во кои спаѓаат Ибица и Мајорка – во петокот објави дека ги спроведува забраните за пет години во Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

„Ние ги запираме ‘среќните часови’ и алкохолoт без ограничувања во областите кои се најпогодени од (нецивилизирано) однесување“, се вели во извештајот, тврдејќи дека ова е првата европска туристичка дестинација што го сторила тоа.

Покрај тоа, како што се намалуваат понудите што ги охрабруваат туристите да консумираат огромно количество алкохол, владата исто така забранува таканаречени „забави на брод“ како и „скокање помеѓу балкони“ во хотелите.

 

Баровите и пабовите кои нема да успеат да ги исполнат наведените услови се соочуваат со казни до 60.000 евра и затворање за најмногу три години. Во меѓувреме, на продавниците повеќе нема да им биде дозволено да продаваат алкохол после 21:30 часот навечер.

Балеарските острови се меѓу најпопуларните туристички дестинации во Шпанија, со 13,8 милиони посетители во 2018 година, од околу 9 милиони во 2009 година. Многумина се млади луѓе од други европски нации кои се собираат на забави на острови како Ибица и Мајорка.

Треба да знаете
Последни објави