Search

Шолц: Повиците прво да се заштити економијата се цинични и непромислени

Повиците да се заштити економијата, место да се забави ширењето на коронавирусот, се цинични и непромислени, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц, пренесе „Билд”

-Можете да видите дека земјите кои тежнееја кон таа цел, а се чини дека и Велика Британија беше меѓу нив, сега го сменија курсот, рече Шолц во видео интервју на Интернет.

Запрашан за сугестиите на некои американски политичари дека повозрасните би можеле да бидат жртвувани заради економијата, која нивните внуци ќе ја наследат, тој беше уште поискрен, јавуваат британските медиуми.

-Заради тоа се тресам. Тоа е крајно цинично и неодбранливо и многу ми е драго што живеам во земја во која таквите мислења не се релевантни, кажа Шолц.

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека размислува за тоа како повторно да ја отвори американската економија кога 15-дневната блокада ќе заврши, а тоа е следната недела, иако пандемијата е се уште во тек.

Треба да знаете
Последни објави