Search

Шок во Германија: Анагрет Крамп-Каренбауер, наследничката на Меркел во ЦДУ, нема да се кандидира за канцеларка

Анагрет Крамп-Каренабуер, лидерката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и нејзина штитеничка нема да се кандидира за канцелар на следните избори, што ќе се одржат следната година во Германија, изјави денеска извор од ЦДУ.

Таа најавила и дека ќе се повлече од лидерското место кај демохристијаните.

Изворот кажал дека Меркел сака Крамп-Каренбауер да остане министер, пренесоа британските медиуми.

Таа во моментов ја извршува функцијата министер за одбрана.

Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал заради кој за време на викендот беше свикан и состанок на владеачката коалиција, со кој претстедаваше канцеларката Меркел, откако во покраината Тирингија за првпат беше избран премиер со помош на гласовите на десничарската „Алтернатива за Германија”.

Треба да знаете
Последни објави