Search

Шкотските националисти ќе се придружат кон лабуристите во „прогресивна антиториевска алијанса”

Првиот министер на Шкотска и претседател на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, изјави дека лидерот на главната опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, ќе биде делумно одговорен доколку Обединетото Кралство излезе од Европската унија без договор, пишува европската редакција на Politico.

Таа, меѓутоа, не исклучува евентуален сојуз со лабуристите за да се собори Конзервативната партија од власта на евентуални парламентарни избори.

-Не сум голем фан на Џереми Корбин, изјави таа во интервју за Гардиан. „Доколку излеземе без договор, тој ќе има речиси иста одговорност, колку што имаат Тереза Меј и Борис Џонсон.

„Не сметам дека СНП може да влезе во формална коалиција со Работничката партија”.

И покрај тоа, Старџен не исклучува можност СНП да се отвори „за некаков вид прогресивна алијанса која ќе ги избрка ториевците од владата”.

Старџен потврди дека било каков иден договор нема да биде без услови.

-Ќе бараме Џереми Корбин да заземе многу потврди анти-Брегзит позиции. Ќе бараме да го направи тоа што е добро за Шкотска, рече таа.

Коментарите на Старџен доаѓаат по нејзината ,оматонеделан тешка средба со британскиот премиер Борис Џонсон во Шкотска. Додека брегзитерот Џонсон ветува напуштање на ЕУ на 31 октомври, со или без договор, Старџен категорично се спротивставува на Брегзит, особено на сценариото без договор, изјавувајќи дека тоа ќе биде „катастрофално за Шкотска”.

Треба да знаете
Последни објави