Search

Шкоро позитивен на коронавирус

Претседателот на опозициското Татковинско движење и пратеник во хрватскиот парламент, Миролав Шкоро, е позитивен на коронавирусот и има лесни симптоми на болеста. Шкоро го објави тоа на својот Фејсбук профил, потсетувајќи дека е во самоизолација од 16 октомври, откако беше во контакт со член на Комитетот за национална безбедност, Франк Видовиќ, кој во тоа време веќе беше позитивен на Ковид-19.

Шкоро вели дека ги следи упатствата на лекарите и оти се надева на брзо закрепнување.

По седницата на Комитетот на која беше присутен Видовиќ, покрај Шкоро, самоизолација беше наложена и за пратениците на СДП, Никша Вукас и Мишел Јакшиќ, како и за четворица вработени во парламентот.

Инаку, на таа седница беа присутни шефовите на Обвинителството, тајната служба и полицијата.

Треба да знаете
Последни објави