Search

Шкендија со убедлива победа над Академија Пандев ја прослави шампионската титула

Фудбалерите на Шкендија кои од поодамна го имаа обезбедено шампионскиот трофеј, попладнево со убедлива победа над Академија Пандев го прославија успехот заедно со своите навивачи.

За тетовските „црвено-црни” ова беше 27.победа оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Резултати на натпреварите од 35.коло:
Шкендија – Академија Пандев 4:1
Беласица – Работнички 0:1
Македонија ЃП – Силекс 2:0
Шкупи – Ренова 2:2
Вардар – Победа 6:0.

Табела: Шкендија 79 бода, Вардар 63, Академија Пандев 57, Работнички 46, Шкупи 45, Ренова 44, Македонија ЃП  44, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23.

Треба да знаете
Последни објави