Search

Шилегов: Во вториот круг ќе извојуваме голема победа!

Фејсбук статус на градоначалникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

„Вчера имавме успешен демократски ден и празник на демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг.

Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат да гласаат. Јас сум убеден дека заради ова и заради поголемиот коалициски капацитет, во вториот круг ќе извојуваме голема победа! “

-Фејсбук статус на градоначалникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

Треба да знаете
Последни објави