Search

Шилегов води во Скопје, СДСМ очекува победа со разлика од 10 илјади гласа

Петре Шилегов води пред Данела Арсовска во Скопје и СДСМ очекува победа со разлика од 10 илјади гласа, брифираат за24 Инфо од партијата.

СДСМ во скопските општини е во убедливо водство во Шуто Оризари, Центар, Карпош и Бутел, а победа во прв круг очекуваат во Делчево, а водат во Берово, Пробиштип и Богданци.

Претходно вицепремиерот и заменик претседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на дебатата на ТВ Телма рече дека според првичните информации, досега имаат добиено четири општини во првиот круг.

-Победа имаме во Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово. Сериозно водство имаме во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и други општини според досега пристигнатите првични резултати.Ова е правецот што го зададовме. Нема да се повтори 2017 година и сметам дека не би требало да се повтори, бидејќи за демократијата е подобро да има разноликост, а не еднобојност, кажа Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави