Search

Шефот на италијанската дипломатија Ди Мајо денеска во Скопје

– Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска ќе престојува во во официјална посета на Република Северна Македонија.

Ди Мајо ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, по што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.

Централно место во разговорите, како што соопштуваат од МНР, се очекува да биде иднината на процесот на проширување на Европската Унија, по презентирањето на новата методологија на ЕУ и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите на Северна Македонија во тој контекст.

На средбите ќе бидат разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка.

Треба да знаете
Последни објави