Search

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест

На противниците на британската премиерка, Тереза ​​Мај од нејзината конзервативна партија, им недостасуваат уште шест писма за да можат прашањето за нејзината доверба да го стават на гласање.

Британски „Сан” објави дека 42-ца членови на Конзервативната партија обезбедиле цврсти гаранции дека тие испратиле писма на недоверба на Тереза ​​Меј, но како што пишуваат бритнаските медиуми за да може да се гласа недовреба на премиерката потребни се вкупно 48 писма.

Британската премиерка вчера изјави дека, според информациите што ги има на располагање, потребниот број на гласови за прашањето за нејзината доверба, сé уште не е собран.

„Колку што знам јас, нема доволно гласови”, изјави Меј за „Скај њуз“.

За да се покрене гласање за доверба, 48 пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј, треба да испратат писмо до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата, меѓутоа претседателот претходно за Би-би-си потврди дека до рано изутринава се уште не се пристигнати конечниот број на писма.

Меј смета дека нејзината промена нема да ги олесни преговорите за брегзит. Таа исто така во однос на ова прашање изјави дека таа не размислува сама да поднесе оставка.

„Менувањето на лидери во овој момент нема да ги олесни преговорите”, рече Мај во интервју за „Скај њуз“. Таа исто така додаде дека следната недела ќе биде од клучно значење за успехот на разговорите за брегзит и најави дека ќе се сретне со лидерите на ЕУ пред вонредниот самитот на Европскиот совет на 25 ноември, пренесуваат тамошните медиуми.

Веста дека е постигнат договорот со ЕУ предизвика политичка криза во Велика Британија, бидејќи договорот беше остро критикуван од страна на опозицијата и владејачките конзервативци. Двајца министри и неколку државни секретари си поднесоа оставки, а повеќе од 20 пратеници испратија официјална покана за гласање на недоверба на Тереза ​​Меј на функцијата лидер на партијата и премеир.

Многу конзервативци кои го поддржуваат излегувањето на Британија европското семејство, сакаат јасен „развод“ со Брисел.

Според нацрт-договорот, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29-ти март следната година, но ќе остане дел од единствен пазар до крајот на 2020 година. Земјата, исто така, ќе остане во царинска унија со ЕУ, со цел да се избегне поставување на контролни пунктови на ирската граница.

Треба да знаете
Последни објави