Search

Шестмина притворени поради упад во канцелариите на портпаролот на француската Влада

Француската полиција приведе шест лица осомничени дека со вилушкар упаднале во Министерството на Влада на Франција, каде се наоѓа канцеларијата на владиниот портпаролот Бенжамен Гриво за време на протестите на „жолтите елеци”, јави дописникот на МИА.

Овој насилен упад, што предизвика бурни реакции во Франција, го принудија Гриво да ги дислоцира своите канцеларии, при тоа осудувајќи ја постапката како „неприфатлив напад врз Републиката”.

Шесте лица, кои се на возраст од 21, 23, 26, 35, 46 и 54 години, се со потекло од регионот Париз и северниот дела на Франција. Меѓу нив се и една жена, како и татко и син.

Вакви упади во француските министерства се многу ретки. Во 1999 година, земјоделци ја уништија канцеларијата на министерот за просторно планирање и животна средина Доминик Вуане.

Од почетокот на протестите на „жолтите елеци” во Франција, околу 1,800 лица се осуени за учество во насилни демонстрации.

Треба да знаете
Последни објави