Search

ШЕКЕРИНСКА: Ќе продолжиме со разговори, без ниту еден партиски, но со многу силен државен интерес

Споменавте дека во октомври очекувате датум за преговори за почеток со ЕУ, но еден од условите беше законот за Јавното обвинителство, си дадовте ли можеби нов рок заедно со опозицијата до кога би можел овој закон да влезе на пленарна седница и каков е вашиот одговор во однос на новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, беше прашањето упатено кон министерката за одбраа Радмила Шекеринска.

-Европската Комисија и ЕУ веќе подолго време ни ја испраќаше стандардната порака, немојте да се фокусирате на закони, фокусирајте се на она што се вистински промени. Се сеќавам на некои дискусии кои ги правевме во текот на последнава година, каде што, особено членките кои што највеќе водат сметка за овие прашања и кои што често пати се најкритични и имаат највисоки очекувања, велеа вака, да закон ако има тоа е добро, клучната работа е да обезбедите целосна истрага и целосно транспарентна и позитивно оценета судска постапка.

Она што е добро и мислам дека тоа ќе биде силен аргумент во полза на нашиот почеток за преговори, е тоа дека со новите решенија практично ги обезбедивме сите случаи од СЈО да имаат судска целосна разрешница. Никој на не може да користи административни или некакви судски процедурални причини за да ги негира и сега сите работи се во рацете на судството. Ние како Влада кажавме дека сакаме да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство измените кои што беа предложени и покажавме извонредена флексибилност, затоа што сметаме дека ова прашање е над сите партиски или лични интереси. Така ќе продложиме и понатаму да дебатираме.

Премиерот и во своите изјави покажа со какви се предлози сакал да ја остави, практично опозицијата без простор да бара оправдување и да бега од договор. Меѓутоа, за жал, до договор не дојде. Сметаме дека политичката одлука на Владата, да не се меша во судството, одлуката на владата и сите коалициони партнери да не бараат специјални привилегии од обвинители или од судии, таа порака е примена. Не само во Брисел, туку и во главните градови на клучните земји членки. И тие, не случајно ни велат, ова веќе не е истата земја. Пред неколку години, ни се случија илјадници бомби, никој не одговараше. Обвинителот, кој го слушнавме со свои уши  дека преговара, договара, го крши правилото на правна држава, заминуваше и беше поддржуван да не претставува дури и во странство.

Сега, однесувањето на сите институции во државата, покажа дека оваа земја се променила и покажа дека веќе политиката не е таа која го диктира правото. Ќе продолжиме да разговараме за да им обезбедиме на ЈО, на сите луѓе кои до сега работе на правна држава, шанса успешно да ги завршат предметите и шанса да бидат дел од интегриран и добро осмислен систем. Ќе влеземе во понатамошни разговори, без ниту еден партиски, но со многу силен државен интерес. А, тоа е секој да одговара за злоупотребите, криминалот и корупцијата кои што ги извршил.

Треба да знаете
Последни објави