Search

Шекеринска: Упатувам порака до сите, СТОП за насилството врз жените!

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес од родното село на својата баба – Кичиница во мавровско, испрати силна и мотивирачка порака до сите жени кои живеат во нашата држава.
Во своето обраќање до граѓаните а посебно до сите жени кои се жртва на било која форма на насилство, таа рече:
Најважните животни лекции ги научив од најсилната жена која ја познавам, велеше во сите нас има сила и добрина. Не правеше разлика помеѓу своите внуки и внуци. Мислев дека лекциите од мојата баба Љиљана ги научиле сите, дека сите имаме право на среќа, на живот на еднакви шанси во животов.
Во 21 век имаме опозиција (ВМРО ДПМНЕ) која мисли дека светот не припаѓа еднакво на жените. Не потрошија ни еден збор за женските права и женската рамноправност. Партија која молчи на сите примери на насилство кон жените.
На 15 јули очекувам силна поддршка од сите жени и мажи кои вистински веруваат дека соработката а не насилството е решение!
Целосната изјава може да ја погледнете на овој линк:
https://youtu.be/iS-NuMv9HaM
Треба да знаете
Последни објави