Search

Шекеринска уживала во лускузот на Боки 13 и молчела за потеклото на парите, лицемерно е да зборува за правда

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска

Шекеринска пред гласачите прво треба да објасни дали и која била нејзината улога во случајот Рекет. Постојат сведоштва дека таа била чест гостин во домот на обвинетиот, исто како што има сведоштво дека изрекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Оттука е крајно лицемерно Радмила Шекеринска да говори за владеење на правото, бидејќи таа на еден или на друг начин, со чинење или нечинење, помогнала во Македонија да се создаде рекетарски октопод кој што тргувал со правдата која чинела по 4, 5,6 милиони евра.

Луј Витон правдата е синоним за владеењето на заев, Шекеринска и СДСМ. Откако тоа ќе го одговори, граѓаните во Битола, Охрид, Кичево, струга, ресен и другите места во 5-та изборна единица  очекуваат таа да им се извини за нереализираните ветувања кои им ги даваше во 2016-та година. Тоа говори за карактерот на политичарите на СДСМ, само да ветуваат, а кога ќе дојдат на власт да ги заборават граѓаните.

Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави