Search

Шекеринска од Кичево: Одиме на едноцифрена невработеност, покажуваме што е економски патриотизам

На 15 јули изборот е едноставен. Изборот е помеѓу повисоку плати за сите или богатење на неколкумина околу Груевски. Изборот е помеѓу рекорден износ на странски инвестиции – и инвеститори од типот на Субрата Рој. Изборот е помеѓу 777 нови социјални станови или скапи кредити земени за да се финансира стиропор и кич.
На 15 јули  граѓаните ќе изберат минималната плата да изнесува 20 000 денари, просечната плата да порасне до  34 000 денари, пензиите да продолжат да растат и ниту една  пензија да не биде пониска од 10 700 денари. Граѓаните ќе изгласаат да се зголеми прагот на поврат на ддв – то  од 7200 ден за секој граѓанин на годишно ниво на 9600 денари.На 15 јули граѓаните ќе гласаат и за зголемуваање на субвенциите од 160 милиони на 200 милиони евра за развој на нашето домашно  земјоделие. Градиме 260 километри автопати, 300 км експресни патишта и 950 км локални патишта низ цела држава. 2,5 милијарди евра од европските фондови – ова ќе бидат европски пари кои ќе ни ги донесат европските стандарди дома.
Грантови до 15 000 евра за млади и за жени, да отворат сопствени фирми, да создаваат нови работни места и да донесат повеќе пари дома.Повисока социјална помош за 34000 семејства, и детски додаток кој ќе опфати 65 000 деца во цела држава.Најавуваме 1 милијарда евра странски инвестиции за следните 4 год.Тие нема веќе да бидат базидани на ниски плати туку на иновации, и одржливост.
Невработеноста  ќе продолжиме да ја намалуваме за 3 проценти секоја година се додека таа не добие едноцифрена вредност. Ќе покажеме што значи економски патриотизам  на дело и како вистински се сака татковината.
Треба да знаете
Последни објави