Search

Шеесетгодишна скопјанка е дадилката што тепаше бебе

Скопјанката Ж.П.(59) е дадилката од видеото од игротеката „Дежа Ву“ која го тепа детето кое го чува, а кое вчера ги запали социјалните мрежи, информираше МВР.

-На 21.11.2019 во 15.57 часот во Скопје, полициски службеници од Полициска станица Аеродром ја лишиле од слобода  од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од  М.А., сопственик на угостителски објект во Скопје. Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете. По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Од Кривичниот суд Скопје вчера вечерта демантираа дека и бил одреден притвор на жената, бидејќи дадилката која го тепаше детето е изречена било каква мерка бидејќи таа воопшто не била процесуирана кај нив.

https://youtu.be/0_8W2Kxmffk

Треба да знаете
Последни објави