Search

Шведскaта активистка за климатски промени повика да се спаси светот како што се спасува Нотр Дам

Шведскaта тинејџерка Грета Тунберг, која ги поттикна протестите на младите луѓе против глобалното затоплување, ги повика европските лидери да дејствуваат и да ја сочуваат планетата, исто како што ветија дека ќе ја обноват од оган уништената катедрала Нотр Дам.

„Вчера целиот свет со тага и очај беше сведок на пожарот во катедралата Нотр Дам, но Нотр Дам ќе се обнови”, рече Тунберг во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур.

Шеснаесетгодишната тинејџерка го привлече вниманието откако со велосипед дојде пред зградата на шведскиот парламент во август минатата година со рачно насликан транспарент „School Strike 4 Climate”.

Илјадници студенти ги следеа нејзините чекори, а младинските организации организираа протести во повеќе од 40 земји.

Треба да знаете
Последни објави