Search

Шведскиот крал го укинува кралскиот статус за пет внуци

Шведскиот крал Карл Густав го намали бројот на членовите на семејството кои ќе добиваат пари од буџетот со тоа што одлучи да го прекине статусот на кралско височество за неговите пет внуци.

Како што е најавено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности, пренесе Си-ен-ен.

Би-би-си наведува дека одлуката на кралот значи дека внуците на возраст од една до пет години, веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“ – апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од буџетот на земјата.

Одлуката не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, односно принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

Родителите на петте деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил, ја поздравија кралската одлука на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави