Search

Шведска тинејџерка која самата одлучи да го менува светот номинирана за Нобелова награда за мир

Швеѓанката Грета Тунберг (16)  започна протест против климатските промени во август пред зградата на шведскиот парламент. Нејзините родители, мајката Малена Ерман, една од најпознатите шведски оперски пејачки, и таткото Сванте Тунберг, актер, се обидоа да ја одвратат од тоа, но таа беше упорна.

„Отсекогаш сум била девојка во заднина која не вели ништо. Мислев дека не можам да направам никакво поместување затоа што сум премногу млада“ – објаснува Грета, на која пред четири години ѝ дијагностицираа Аспергеров синдром, облик на аутизам и исклучителна социјална повлеченост.

Минувачите пред парламентот не ја разбираат нејзината мисија кога секој петок осамено стоеше со рачно напишан натпис „Школски штрајк за климата” (Skolstrejk för Klimatet). Осум месеци подоцна, оваа тинејџерка стана симбол на отпорот во целиот свет, а кога пристигна веста дека е номинирана за Нобеловата награда за мир, милиони млади луѓе ѝ се приклучија во таа борба.

„Неверојатно. Досега се вклучени повеќе од 71 земја и 700 места и градови. Бројките се зголемуваат и ова станува многу, многу забавно”, вели девојчето што го почна отпорот и стана негово заштитно лице.

Треба да знаете
Последни објави