Search

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост се вклучува во одбележување на Светскиот ден на велосипедот

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, се вклучува во
одбележување на Светскиот ден на велосипедот (UN World Bicycle Day) со онлајн иницијатива „Зошто
велосипед?“. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат актерите од вело заедницата во државата како
што се туроператори кои нудат велосипедски тури, ентитети кои изнајмуваат (електрични) велосипеди,
организиратори на фестивали за велосипедизам, здруженија за велосипедизам итн. и да се мотивира јавноста
да вози велосипед преку информирање за придобивките од истото.
„Во услови на целосно почитување на мерките за претпазливост од корона, ги повикавме професионалците од
областа и пасионирани велосипедисти да се вклучат во оваа виртуелна акција. Добивме одлични примери од
нивни претходно организирани тури во природа, како и пораки за придобивките од возење велосипед. Знаеме
дека велосипедот е еколошко и ефтино средство за превоз. Но, освен тоа, нашата држава има голем потенцијал
за развивање на велосипедскиот туризам како дел од активниот, еко и рурален туризам. На повеќе места во
државата веќе има патеки за планинско возење, а некаде допрва треба да се (до)развиваат. Програмата ИМЕ,
финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, работи во насока на подобрување на понудата и
промоцијата на дестинациите кои имаат потенцијал за развој на активниот туризам. ИМЕ нуди и поддршка на
локалните капацитети и даватели на услуги да ја подобрат понудата за домашните и странски туристи, меѓу
другото и на оние кои нудат велосипедски тури.“
Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е имплементирана од Паладиум, со финансиска
поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC. Целта на оваа програма е да обезбеди
поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ, а
истовремено да се осврне на предизвиците кои го отежнуваат вклучувањето на жените и младите лица во овие
сектори.

Треба да знаете
Последни објави