Search

Шармот на едноставноста: Мишел Фајфер со истата блага насмевка за домашно селфи

Таа триумфално се врати во Холивуд во 2017 година, откако направи долга пауза од снимање филмови за да помине повеќе време со своите деца.

Но, Мишел Фајфер повторно ја стави актерската кариера во мирување поради пандемијата на Ковид-19 која ја десеткуваше филмската и телевизиската продукција.

И покрај сè, ѕвездата на „Опасни врски“ и „Фантастичните браќа Бејкер“ ужива во своето лето и сподели селфи на Инстаграм, на кое позира во едноделен костим за капење и очила за сонце со златни рамки додека се сонча во својот дом во Лос Анџелес.

Секогаш прекрасната Фајфер, препознатлива по дискретниот шарм и едноставноста, има беспрекорна кожа на возраст од 62 години.

Својот голем пробив во Холивуд го направи во раните 80-ти со „Брилијантин 2“ и култниот „Лице со лузна“ (1983).

Нејзините успеси продолжија да се редат со филмовите “Бетмен се враќа“, „Френки и Џони“ „ Духови од минатото“, „Вештерките од Иствик“, „Мажена за мафијата“, „Време на невиност “, „Волк“, „Јас сум Сем“, „Темни сенки“ и многу други.

Во 1993 година, таа се омажи за писателот и продуцент Дејвид Е. Кели и заврши со филмови да се фокусира на одгледување на нивните две деца.

Својот камбек во Холивуд го направи по пауза од 20 години, во 2017, со филмовите „Мајка!“ и „Убиство во Ориент експрес“.

Треба да знаете
Последни објави