Search

Шарл Мишел предложи седум годишен буџет на ЕУ

– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска предложи буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година во износ од 1.094,8 милијарди евра, што е 1,074 отсто од бруто домашниот производ на 27-те земји членки.

Ова е помала сума од предлогот на Европската комисија (1.135 милијарди евра), што е 1,114 проценти од БДП и малку повеќе од последниот предлог даден од страна на финскиот претседател до Советот на ЕУ кон крајот на минатата година. Финците предложија 1.087 милијарди евра или 1,08 проценти од БДП.

Исто така, тоа е многу помалку од износот што го бара Европскиот парламент.

Во својата резолуција од ноември 2018 година, пратениците повикаа двојно да се зголемат 1,3 проценти од БДП за следниот седумгодишен буџетски период, што би изнесувало 1.324,1 милијарди евра.

Предлогот на Мишел ќе послужи како основа за разговори на вонредниот самит свикан за 20 февруари, на кој лидерите ќе се обидат да постигнат договор.

Треба да знаете
Последни објави