Search

Шампион ФА и Рисови најдобри на јуниорското државно првенство во пинг-понг

Во организација на ППК Шампион ФА и под покровителство на ППФМ се одржа 28-то републичко првенство во екипна конкуренција за јуниори.

На првенството учествуваа осум екипи во машка конкуренција и шест екипи во женска конкуренција. Најуспешни кај јуниорите беше екипата на организаторите, Шампион ФА предводени од браќата Дамјан и Лука Стојчев, кои супериорно го освоија првото место. Во финалето Шампион Фа убедливо со 3:0 славеа против Крушево.

Шампион Фа и Крушево во полуфиналните борби беа поуспешни од Астраион и Рисови.

Полуфинале јуниори

ППК Шампион ФА – ППК Астраион 3:0
ППК Крушево – ППК Рисови 3:0

Финале

ППК Шампион ФА – ППК Крушево 3:0

ПЛАСМАН ЈУНИОРИ

1. ППК Шампион ФА
2. ППК Крушево
3. ППК Рисови, ППК Астраион

Кај јуниорките очекувано во финалето се сретнаа ППК Рисови и ППК Крива Паланка, Во многу понеизвесно финале Бојана Михајловска и Ива Димитриевска кои беа главни носители на екипата на Рисови беа поуспешни од Ана Стојановска и Сара С.Стојановска со 3.1

Со тоа Рисови беа најуспешната екипа на првенството освојувајќи злато и бронза

Полуфинале јуниорки

ППК Рисови – ППК Крушево 3:0
ППК Крива Паланка – ППК Берово 3:1

Финале

ППК Рисови – ППК Крива Паланка 3:1

ПЛАСМАН ЈУНИОРКИ

1. ППК Рисови
2: ППК Крива Паланка
3. ППК Крушево, ППК Берово

Треба да знаете
Последни објави