Search

Шампионот Торонто им го нанесе вториот пораз на Лејкерс оваа сезона

Актуелниот НБА шампион, Торонто репторс рано утрово во „Стејплс центар” го совлада Лос Анџелес лејкерс со 113:104.

Гостите од Канада до победата стигнаа со подобра игра во второто полувреме кое го добија со 61:44.

Најефикасен во победничкиот тим беше Паскал Сиакам со 24 поени и 11 скока. Фред Ванвилт исто така забележа дабл-дабл, мечот го заврши со 23 поени и 10 асистенции.

Кај домаќините, најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени и осум скока. Леброн Џејмс забележа трипл-дабл 13 поени, 13 скока и 15 асистенции.

За Торонто ова беше седма победа и трета во низа.

ЛА лејкерс го забележа првиот пораз по седум последователни победи.

Резултати на другите средби одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Орландо – Индијана 102:109
Филаделфија – Шарлот 114:106
Оклахома – Милвоки 119:121
Њујорк – Кливленд 87:108
Феникс – Бруклин 138:112
Портланд – Атланта 124:113 (по продолжение).

На Западот водечки две екипи се ЛА лејкерс и Денвер со биланс 7-2 (победи-порази), во источната конференција Бостон е прв со 7-1, Торонто има ефект 7-2.

Треба да знаете
Последни објави