Search

Чулев со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и да се воздржат од патувања

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција замоли граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од коронавирусот, посочувајќи дека Министертсвото за внатрешни работи презема широк спектар на мерки и активности, со цел заштита на здравјето на граѓаните на нашата држава.

Чулев денеска упати апел до граѓаните да се воздржат од патувања надвор од територија на државата, но и да го ограничат движењето и собирањето во поголеми групи на граѓани во текот на работниот ден.

-Има многу граѓани кои што се на привремена работа во странство, лица кои живеат во странство, се ближат и Велигденските празници и во католичките земји, така да апелирам воопшто да не се обидуваат да доаѓаат во нашата држава бидејќи постои сериозна можност истите да бидат заглавени на граничните премини, но и да ја донесат заразата во нашата држава. Оние луѓе кои се заглавени, апелирам да останат таму каде што се. Доколку има потреба, ќе се организира хуманитарен конвој меѓутоа тоа е многу тешко, затоа што граничните премини не се контролирани од МВР, туку тоа зависи од одлуката други држави, истакна Чулев.

 

Треба да знаете
Последни објави