Search

Чулев: Полицијата проверува над 1.200 лица во самоизолација, ЕБР ќе ги растура „журките“

Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на Владава и соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација. Покрај ова досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од КЗ на РСМ – “пренесување на заразна болест“  а повеќето по основ на член 206 – “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ.

-Особено сакам да истакнам дека СВР Скопје постапувајќи по оперативни сознанија за наводното организирање на забави во приградските населби од страна на млади лица кои изнајмувале викендици и куќи, превзеде оперативни мерки за превентивно покривање и патролорање со цел спречување групирање и задржување на поголема група граѓани при што извршени се контроли на локациите на подрачјето на Горно Нерези, селото Сопиште, локалитетот Сончев град, селата Горно и Долно Соње, викенд населбата  Марков манастир, месност Три Круши, во Ченто и во Радишани.  При извршените контроли не се затекнати поголема група на граѓани, но полицијата ќе биде на терен и будно ќе ги следи состојбите. Синоќа се контролираше недозволено собирање на граѓани за кои имавме информации дека не се почитува одлуката на владата. Секторите за внатрешни работи ќе бидат појачани со припадници на Единицата за брзо распоредување за поефикасно спорведување на мерките на владата. Во изимнатите два дена, евидентирани се 59 мејлови и 402 телефонски повици, а се прашува за транзитирање низ земјата, функционирањето на граничните премени. Се јавуваат и здравствени установи. Ги повикувам граѓаните да се јавуваат и да пишуваат мејлови за да пријавуваат непочитување на одлуките на владата, како и за непочитување на одлуките за функционирање на угостителските објекти, рече Чулев.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/632533427307476/?t=0

-Прво по однос на постапуањето на сите осум Сектора за внатрешни работи сакам да ве известам дека заклучно со денешниот датум полициските службеници при СВР Скопје вршат обезбедување врз 230 лица со Решенија за самоизолација  од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на илјада лица кои што се со наредби за самоизолација, додека пак досега извршени се контроли во 530 угостителски објекти а во текот на денов дополнително ќе бидат прверени уште 140 угостителски објекти. Во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти; во СВР Тетово се обезбедуваат 17 лица по основ на решенија на ДСЗИ и 185 лица со наредби за самоизолација; во СВР Штип такви мерки се превземени врз 10 лица со решенија од ДСЗИ и 246 лица со наредба за самоизолација а извршена е проверка и на 147 угостителски објекти; при СВР Струмица се обезбедуваат 11 лица со наредба за самоизолација, проверени се и 172 угостителски објекти; во СВР Битола под надзор на полициските служби се 32лица со решенија од ДСЗИ и 140 лица со наредба за самоизолација; во СВР Куманово – шест лица со решенија од ДСЗИ, 221 лице со наредба за самоизолација, а направена е проверка во 83 угостителски објекти; и во СВР Охрид се обезбедуваат 82 лица со решенија од ДСЗИ и 205 лица со наредби за самоизолација, додека пак контрола е извршена во 162 угостителски објекта, рече министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања, Чулев информираше дека вчера во земјава влегле 2.017 македонски граѓани и 807 странци, а излегле вкупно 2.278 лица од кои 951 се македонски граѓани, а 1.327 странци. Чулев додаде дека најмногу од овие лица се возачи на камиони.

Треба да знаете
Последни објави