Search

Чулев на регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност (МАРРИ)

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска преку webex апликацијата учествуваше на состанок на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) организиран во рамки на претседателството на Република Косово.

Во своето обраќање министерот Чулев се осврна на пандемијата Ковид 19 и предизвиците поврзани со неа со кои се соочуваат полициските службеници во својата секојдневна работа, како и во делот со борбата против трговијата со луѓе и нелегалната миграција, изразувајќи благодарност на МАРРИ и неговите партнери за досегашната соработка и огромната заложба која секојдневно ја покажуваат кон Министерството за внатрешни работи.

Воедно, на Форумот, Република Косово официјално го предаде претседавањето со МАРРИ на Црна Гора, а беше усвоена и „Приштинската декларација“ со која, меѓу другото, се охрабруваат министрите за надворешни работи на учесничките на МАРРИ да се заложат за поставување на МАРРИ како главна агенција за миграција во шесте земји од Западен Балкан.

 

Треба да знаете
Последни објави