Search

Чулев: Мицкоски и мојот советник Андоновски ја признаа грешката

Повикувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објкет, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна правда, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

-Мојот советник и лидерот на опозицијата прекршиле уредба на владата со која се забранува престој во затворен објект, тие ја признаа грешката заради незнаење и во координација со JO, МВР ги повика на разговор. Во иднина ќе бидат повикани сите кои ќе се огрешат пред законот, рече Чулев.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен, министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката.

Андоновски денеска се појави на информативен разговор во полициска станица, но не и Мицкоски. Тој испрати адвокат.

Треба да знаете
Последни објави