Search

Чулев им заблагодари на граѓаните за одговорноста, за придонесот на полицијците побара да бидат парично наградени

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев ја повика Владата да ја усвои Уредбата со која е превидена награда од 15.000 денари за вработените во МВР за професионалниот ангажман во изминативе речиси 70 дена од 22 март кога беа воведени забрани за движење на граѓаните.

-Полициските службеници, професионално, одговорно и пожртвувано си ја извршија својата задача. Најтешко го доживувам моментот кога одредени колеги од Владата ја злоупотребуваат полицијата за остварување на политички цели. Стојам на ставот дека тие треба да ја добијат паричната награда која ја заслужуваат. Ја повикувам Владата да ја усвои Уредбата, рече министерот Чулев.

Тој извести дека изминатиот период вкуно 4.783 лица не ја почитувале одлуката за ограничено движење, 3110 лица биле приведени. Поднесени се кривични пријави против 3412 прекршители.

-Покрај намалувањето на рестриктивните мерки, сепак, не треба да заборавиме дека вирусот и натаму е присутен во нашата земја. Апелирам да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за групирање, држење дистанца и носење заштитна опрема. Во наредниот пероиод ќе бидат
зајакнати контролите во однос на почитување на одлуките на Владата за дистанца и носење заштитна опрема. Во неколку наврати потенцирав, а денес уште еднаш ќе подвлечам дека граѓаните се одговорни и генерално ги почитуваа мерките на Владата. Појавата на коронавирусот го изненади целиот свет, а не беше поштедено ниту МВР. Нашата работа е составена од изненадувања, за жал,
најчесто негативни. Во оваа прилика, дозволете да констатирам дека МВР успеа брзо да се екипира, организира и да ги стави сите капацитети за заштита на секој поединец. Благодарност до сите вработени во МВР, а посебно на униформираните полициски службеници за секој час, секоја
минута. Често ги посетував службениците на пунктовите, од очите на полицајците се гледаше патриотизам, гордост, но и несигурност, рече Чулев.

Заради придонесот на полицијата нагласи дека тие треба да ја добијат паричната награда која ја заслужуваат и ја повика Владата да ја усвои уредбата која за оваа намена ја доставил до неа.

-Грешки и пропусти секогаш има, некогаш грешевме ние, некогаш граѓаните. Но од грешките учиме и имаме можност да се подобруваме и да го подобруваме работењето на полицијата во заедницата, што е една од клучните и стратешки приоритети на МВР, истакна министерот за внатрешни работи.

Посебна благодарност упати и до припадниците на АРМ – партнери на полицијата во извршување на работните задачи и обврските во изминатиот период.

Треба да знаете
Последни објави