Search

Чулев: Вработен во МВР заразен со коронавирус

Вработен во Министерството за внатрешни работи е меѓу заболените од коронавирусот во земјава, рече техничкиот министер Наќе Чулев во вечерашната емисија „Само интервју“ на „Канал 5“.

Станува збор за информатичар кој работел во Одделот за информатика и телекомуникации.

-Веќе имаме еден припадник на МВР кај којшто е констатирано присуството на коронавирусот. Пратени се луѓе во самоизолација, а по препораки на Институтот за јавно здравје извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил, истакна Чулев.

Чулев посочи дека МВР се соочило со дефицит на заштитни маски, па согласно владините заклучоци распишало тендер по скратена постапка за набавка на заштитна опрема за вработените.

Треба да знаете
Последни објави