Search

Членови на Рубикон упаднаа во Амбасадата на Швајцарија во Атина

Група од околу 10 членови на анархистичката група Рубикон претпладнево упаднаа во Амбасадата на Швајцарија во Атина, фрлија летоци и си заминаа.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, поради инцидентот приведени се десет лица, додека одговорните од Амбасадата изјавија дека не сакаат приведените да бидат гонети.

Како што јави дописничката на МИА, Рубикон на анархистички сајт објави дека упадот бил во знак на солидарност за уапсен анархист во Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави