Search

Чеcтитка од Џафери за Националниот ден на Власите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Северна Македонија.

– Ми претставува чест да Ви го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите. Би сакал да Ви изразам висока почит за големиот придонес што како заедница го давате и сте го давале на државата низ историјата, истиот бил значаен за развојот на Република Северна Македонија. Често сакам да нагласувам дека нашето богатство е во различностите, така преплетени и во заедништво, имаме сигурен напредок.

Драги сограѓани Власи, нека Ви е честит националниот празник, Ви посакувам да ја негувате и промовирате својата култура, да се гордеете со вашето наследство и историја и да ја унапредувате вашата положба во општеството. Власите во Република Северна Македонија имаат истакнати личности кои се дел од општествениот живот а заедницата во целост е мошне почитувана.

Уште еднаш, дозволете да Ви го честитам Националниот ден на Власите и да Ви посакам денот да го поминете во убава празнична атмосфера, наведува во честитката претседателот на Собранието Талат Џафери.

Треба да знаете
Последни објави