Search

Четири морнари настрадаа на хрватски брод во јужен Атлантик, двајца не даваат знаци на живот

Четири морнари, од кои двајца не давале знаци на живот, настрадаа во несреќен случај на хрватскиот брод АП Дубрава во јужен Атлантик, соопшти денеска Атлантска пловидба.

Тројца морнари се хрватски државјани и еден украински.

Состојбата на двајца морнари е, како што е наведено, стабилна.

Тие настрадаа во несреќен случај извршувајќи ги своите работни активности на бродот АП Дубрава во средата попладне.

Бродот го прекина комерцијалното патување за да им се  укаже помош на повредените во најблиското пристаниште Тубарао, Бразил.

Здравствената состојба на двајца повредени е стабилна, додека двајца не даваат знаци на живот и покрај постојаната реанимација, се наведува во соопштението од Атлантска пловидба, објавија хрватските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави