Search

Четири деца од три скопски градинки имаат коронавирус, се заразиле од родителите

Кај четири деца до пет годишна возраст кои одат во градинка потврден е корона вирус. Извор на заразата е семејството кај сите четири деца објави Канал 5.

Тестот е направен викендов и веднаш биле информирани градинките во населбите Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош. 16 деца и четири учителки од сите три градинки заминале во самоизолација, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.

Според епидемиолозите на ниво на Скопје од како се отворија градинките од деветти септември до денеска нема ниту еден случај каде дете на дете пренело вирус или пак на негователка.

Од центарот за јавно здравје Битола денеска потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.

Треба да знаете
Последни објави