Search

Честојнова: Никола Димитров веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

Никола Димитров веднаш треба да поднесе неотповиклива оставка, тој на амандманската расправа го навреди сопствениот народ нарекувајќи го искомплексиран и за тоа треба да понесе одговорност, изјави Павлинче Честојнова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Искомплексиран е Никола Димитров и неговиот ментор Зоран Заев кои мислат дека се поголеми демократи доколку се откажат и негираат од се што е македонско. Никола Димитров зема пари од граѓаните за да ги брани интересите на државата, а не за да го навредува сопствениот народ. Граѓаните кои дури го плаќаат и школувањето на неговата ќерка надвор од Македонија не заслужуваат и не смеат да бидат навредувани од вакви карактери“, додава Честојнова во својата изјава.

Димитров, како што изјави Честојнова, откако ја погазил волјата на граѓаните на Република Македонија, сега, како што рече таа се дрзнал да ја навреди целата македонска нација.

„Договорот од Преспа кој што го потпишаа Зоран Заев и Никола Димитров е штетен и капитулантски. Со овој договор Димитров и Заев ги лечат сопствените комплекси. Договорот кој насила се турка во Собранието ги урниса темелите на македонската држава и истиот не доби одобрување од граѓаните на Република Македонија“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај оставката Димитров, како што изјави Честојнова, треба веднаш да се извини за навредите и газењето на достоинството на македонскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави