Search

Честитка од Мицкоски по повод празникот Песах

Честитка по повод празникот Песах од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски

 

Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да го честитам големиот празник Песах на припадниците на еврејската заедница и еврејскиот народ во Република Македонија. Од се срце ви посакувам престојните празнични денови да ви бидат иссполнети со мир, спокој, среќа и добро здравје.

Еврејскиот народ низ својата историја има преживеано голем број тешки мигови и предизвици налик оние со кои денес се соочува човештвото. Верувам дека сите заедно сплотени ќе се исправиме пред предизвиците и рамо до рамо заеднички во овие денови кога светот се соочува со заразната пандемија ќе ја поразиме. Македонија е земја на хуманоста и толеранцијата, а еврејскиот народ од македонските граѓани ја има почитта, а изолираните случаи на антисемитизам се само лош пример кои не се правило кој народот го следи.

Празнување на празници како денешниот е потврда за цврстата врска помеѓу македонскиот и еврејскиот народ. Пријателството помеѓу нашите народи е искрено и треба од ден на ден се повеќе да се продлабочува.

 

Дозволете ми уште еднаш да Ви го уште еднаш големиот празник ПЕСАХ, и да Ви посакам многу среќа, љубов и здравје во овие празнични денови.

 

 

Треба да знаете
Последни објави