Search

Червар: Против Македонија воопшто нема да ни биде лесно

 Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на третото коло од групата Б на Светското ракометно првенство.

 

„Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков, Стоилов и останатите. Мораме да бидеме претпазливи“, изјави Червар.

Почетокот на натпреварот е во 18:00 часот.

По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.

Треба да знаете
Последни објави