Search

Челзи го договори Зијех за 45 милиони евра

Англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи тргна во акција по освежувања на ростерот, откако истече забраната за трансфери, а првиот договор падна во Холандија. Весникот „Телеграф” тврди дека лондонските „сини” постигнале усен договор со напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијех.

За реализација на трансферот ќе мора да се почека крајот на сезоната и летниот преоден рок, а Ајакс по основ на обесштетување за 26 годишниот марокански фудбалер ќе добие 45 милиони евра.

Зијех е меѓу „копјаниците” од Амстердам од 2016 година кога пристигна од Твенте за 11 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави