Search

Чавушоглу: Ќе се откажеме од Договорот за реадмисија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се закани дека Турција ќе се откаже од Договорот за реадмисија со ЕУ се додека европскиот блок не го исполни своето ветување за безвизен режим на турските државјани.

– Ние нема да чекаме на вратите на ЕУ. Беше договорено дека Договорот за реадмисија и безвизниот режим ќе стапат во сила истовремено, истакна Чавушоглу.

Официјална Анкара се согласи да ги враќа мигрантите кои илегално пристигнуваат на територијата на ЕУ, а за возврат да добие безвизен режим за граѓаните на Турција.

Односите меѓу Брисел и Анкара се влошени во последните неколку месеци.

Одредени членки на ЕУ ја обвинуваат Турција за непочитување на европските вредности и стандарди, и бараат прекин на преговорите со Анкара.

Од друга страна, односите меѓу ЕУ и Анкара дополнително се влошија поради истражувањата на турските бродови во ексклузивната економска зона околу Кипар.

Грција и Кипар ги обвинуваат властите во Турција дека го нарушуваат грчкиот и кипарскиот територијален интегритет и морските права, барајќи од Анкара итно да ги прекине сите „провокативни активности” во источниот дел на Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави