Search

Чави со победа ја почна тренерската кариера во Барселона

Чави Ернандез, со победа ја започна новата ера на „Камп Ноу“ како тренер. Барселона во 14 коло од шпанската фудбалска Ла Лига во градското дерби со минимални 1:0 го совлада Еспањол.
Во првото полувреме иако беше 0:0, Барселона беше поопасен противник на „Камп Ноу“, домашните фудбалери упатија рекордни сезонава 11 шутеви кон голот на противникот за едно полувреме, но не успеаја да ја затресат мрежата. Барселона беше оштетена за пенал во првиот дел по прекршокот над Нико Гонзалес, но судијата Дел Серо одмавна со раката. Интересно е што Чави во првиот дел му даде шанса на младиот 17-годишен напаѓач Акомах кого го замени на полувремето. Дека Чави планира поголема шанса да им даде на младите фудбалери докажа со замената на Акомах, во игра го внесе Абдесамад Езалзули кој има само 19 години.

На стартот од вториот дел се случи решавачкиот момент на натпреварот. Мемфис Депај беше фаулиран во казнениот простор на Еспањол, а судијата Дел Серо овојпат покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Депај.

РезултатиСелта – Виљареал 1:1, Севиља – Алавес 2:2, Атлетико Мадрид – Осасуна 1:0,
Барселона – Еспањол 1:0.

Треба да знаете
Последни објави