Search

Црногорска министерка: Поради НАТО се зголемија инвестициите и бројот на туристи

Новите странски инвестиции и порастот на бројот на странски туристи во земјата, се бенефити од полноправното членство на Црна Гора во НАТО, соопшти црногорската министерка без ресор, Марија Вучиновиќ.

Со оглед на фактот што Црна Гора стана полноправна членка на НАТО, минатата година се видоа бенефитите од нејзиното членство. Покрај безбедноста и сигурноста, имаме и нови странски инвестиции, а зголемен е и бројот на странски гости од Црна Гора“, изјави Вучиновиќ., пренесе новинската агенција „ОНАСА“.

Министерката смета дека тоа се важни предуслови за економскиот раст на Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави