Search

Црната Барбика има нов имиџ и е цел на хакерите

Лолита Чуил се појави на социјалните мрежи во 2017 година, и поради нејзината убавина стана хит во целиот свет. Наскоро ја нарекоа „црна Барбика“ поради сличноста со популарната кукла.

Лолита беше баран модел, а себеси се нарекуваше „црна Хана Монтана”. Таа секојдневно ги поттикнуваше следбениците, особено младите девојки, да се гордеат со своето тело и бојата на кожата.

Имаше повеќе од 406.000 обожаватели и наскоро исчезна од медиумите. Нејзиниот профил го хакираше корисникот наречен „Chikri” кој ја стави својата фотографија на нејзиниот профил.

Лолита неодамна се појави на фејсбук-профилот и им се извини на обожавателите што ја немаше толку долго. Покрај тоа, таа ја пушти својата природна кадрава коса која имаше навика да ја исправа.

„Бев зафатена околу училиштето. Јас сум добро луѓе, се надевам дека сте и вие. Ги хакираа моите профили, не знам зошто“, кажа убавицата на која образование очигледно ѝ е поважно од социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави