Search

Црвена звезда избоксува шампионски во Регионалната лига

Црвена звезда ја освои титулата во Регионалната боксерска лига, откако синоќа во финалето во Скопје ја совладаа Лозница со убедливи 16-6. Завршницата на Регионалната лига, фајнал-фор турнирот, се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде љубителите на племенитата вештина имаа можност да уживаат во умешноста на најдобрите боксери на просториите на поранешна СФРЈ. На крајот Црвена звезда во Скопје испишаа клупска историја, освојувајќи го првиот екипен трофеј по пауза од 52 години. До титулата дојдоа без ниту еден пораз.

На патот до финалето Црвена звезда во средата го совлада Железничар од Сараево со 18-4, додека Лозница беше поуспешна од загрепски Витез со 12-10.

Регионалната боксерка лига по долга пауза заживеа како резултат на тесната соработка меѓу боксерските клубови од регионот во рамки на програмата „Отворен Балкан”.

Треба да знаете
Последни објави