Search

Цените на угостителските услуги во декември непроменети

Цените на угостителските услуги во декември не забележаа промена во однос на ноември 2018 година, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата алкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,9 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2018 година, во однос на тој период од минатата година, е зголемен за 2,3 отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,9 отсто.

Треба да знаете
Последни објави