Search

Целата планета се тресела 20 минути, дали почувствувавте?: Мистериозен земјотрес ја занишал Земјата, научниците се во шок

На 11-ти ноември, целата планета се тресела околу 20 минути, а научниците и понатаму не можат да одгатнат што го покренал овој мистериозен земјотрес.

Иако никој не го почувствувал, има податоци дека земјотресот се случил. Тој бил забележан на 11-ти ноември, сеизмичките бранови траеле 20-тина минути, а епицентарот му бил во Индискиот океан, близу францускиот остров Мајот кој се наоѓа помеѓу Мадагаскар и Мозамбик.

Земјотресот се почувствувал ширум светот, од Чиле и САД до Нов Зеланд. На Твитер се појавиле фотографии кои ја покажуваат оваа аномалија.

“Мислам дека никогаш не сум видел нешто слично, меѓутоа тоа не мора да значи дека причината е нешто необично”, изјавил сеизмолог.

Не е јасно дали земјотресот е покренат од вулканска активност или удар од метеорит. “Нормалните” земјотреси се обично краткотрајни појави кои произведуваат силен удар кој завршува за неколку секунди, но поместувањата кои следат може да траат подолго. Во текот на тие премини, настануваат 3 вида бранови.

Првите два типа имаат високи фреквенции, а на крајот доаѓаат бранови со ниски фреквенции, како оние воочени во Мајот. Поради ниските фреквенции тие можат да вибрираат како ѕвоно, обиколувајќи го целиот свет неколку пати.

Меѓутоа, на необичните бранови со ниски фреквенции кои на 11-ти ноември вибрирале низ светот не им претходеле примарни и секундарни бранови. Геолозите се прилично збунети, а едно од објаснувањата е дека станува збор за т.н. “сеизмички рој” односно група на истовремени помали потреси без конкретен почетен ударен шок.

Треба да знаете
Последни објави