Search

Царовска: Националната платформа ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава

На денешната заедничка пресконференција помеѓу премиерот на Република Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, претставена е националната платформа за онлајн учење која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година.

– Пандемијата покажа дека треба многу да научиме за планирањето на инвестициите во образованието и колку е тоа важно за сите нас. Пандемијата ни покажа дека ни е потребен добар образовен систем и дека треба да работиме на негова дигитализација.  За првпат со домашни ресурси и експерти подготвивме национална платформа за онлајн учење. Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и јас сум убеден дека ќе ја засакаат сите. Пет јазици – албански, турски, српски и бошњачки јазик. Квалитетно и иновативно образование по мерка на секого е една од нашите основни цели. Давам безрезервна поддршка за импелентација на овој процес. Посветено ќе работиме на реформи во образованието – изјави Премиерот Заев.

Министерката Царовска во своето обраќање посочи дека се работи за едноставна платформа, која е едноставна за користење и за наставниците и за учениците, а дополнително самите ученици ќе имаат можност да понудат идеи за нејзина надоградба со цел платформата да биде полесна и поефективна за користење.

–Силно се посветивме на креирање платформа за учење од далечина. Таа е влог за модернизација на образованието и алатка која ќе помогне да се задржи квалитетот на образованието и во време на пандемија, но ќе биде корисна и во иднина. Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им омагаат на своите деца при учењето.  Плтформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подбра замена за традиционалното учењеизјави Царовска.

Министерката потоа откри со какви содржини ќе располага платформата, а истакна и дека веќе има обучени кадри кои ќе им ја презентираат платформата на наставниците пред стартот на учебната година.

– Наставникот ќе може да ги користи сите видео и аудио материјали од платформата. Ќе има квизови и брзи тестови кои ќе бидат поставени на платформата. Учениците директно ќе се вклучуваат во доградување на платформата за да ја адаптираат на своите потреби.  Платформата е преведена на сите наставни јазици. За користење на платформата најпрво се обучија 30 обучувачи од голем дел од општините од нашата држава. Обуката се изведува на три наставни јазици, а  веќе обучените лица ќе ги обучат и сите наставници на ниво на поединечни училишта – изјави Царовска.

Треба да знаете
Последни објави