Search

Царовска во Манастирец: За 5.000 денари ја зголемивме финансиската поддршка за згрижувачите, обезбедуваме топол дом за секое дете

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска денес во село Манастирец во Македонски Брод се сретна со згрижувачките семејства.
Царовска рече дека Во Македонски брод има 37 згрижувачи, кои се грижат за вкупно 56 деца. А само во Манастирец имаме 11 семејства со згрижени 20 деца.
“Ја поздравувам нивната посветеност и продолжуваме да ги поддржуваме уште повеќе и уште подобро. За заедно да обезбедиме топол дом за секое дете. им дваме огромна поддршка на згрижувачките семејства. Во секој чекор ги поддржуваме семејствата кои згрижуваат деца и постојано економски ги јакнеме.
Овие семејства освен што им даваат родителска љубов на загрижените деца имаат и финансиска корист. Во изминатиот период ја покачивме финансиската помош која им следува за едно дете од 8.500 ја покачивме за 5.000 денари, на речиси 14.000 денари, а за деца со попреченпст изнесува 16.200 денари” истакна Царовска.
На средбата со згрижувачите присуствуваше и кандидатката за пратеничка на коалицијата Можеме Анета Симеска и градоначалникот на Македонски Брод.

 

Треба да знаете
Последни објави