Search

Хјустон славеше во Торонто, трипл-дабл на Вестбрук

Хјустон рокетс извојува победа против Торонто репторс во најинтересниот натпревар во НБА лигата, одигран рано утрово. Тексашаните прекинаа серија од три гостински порази по ред.

Канадскиот тим во одбраната се фокусураше на неутрализација на Џејмс Харден, постојано го удвојуваа, па затоа „брадата” даде за него скромни 23 поени.

Но, „ракетите” покажаа дека имаат и други квалитетни играчи, па Расел Вестбрук направи трипл-дабл, Бен Мек Лемор уфрли 28 поени, а Пи Џеј Такер имаше 18 поени и 11 скока.

Резултати од натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта четврток кон петок:

Вашингтон – Филаделфија 119:113,

Њујорк – Денвер 92:129, Торонто – Хјустон 109:119,

Њу Орлеанс – Феникс 132:139.

Треба да знаете
Последни објави