Search

Хјустон го прогласи 9 јуни за Ден на Џорџ Флојд

Властите на американскиот град Хјустон во државата Тексас одлучија да го прогласат 9 јуни за Ден на Џорџ Флојд, чија смрт во Минеаполис при полициско апсење предизвика масовни протести во САД и низ светот.

– Го славиме Џорџ Флојд не затоа што беше совршен, туку затоа што по неговиот последен здив сите ние можеме слободно да дишеме. Затоа јас, градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер, со гордост го прогласувам овој ден за Ден на Џорџ Флојд во Хјустон, напиша Тарнер на Твитер.

Флојд, кој почина н 46-годишна возраст, е роден во државата Северна Каролина, но израснал и повеќето време живеел во Хјустон, од каде во 2014 година се преселил во Минеаполис. Вчера тој беше погребан во предградие на Хјустон.

Треба да знаете
Последни објави